DADSS – систем што нема да им дозволува на пијаните возачи да седнат зад волан

54

dadss

Американската национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) го откри првиот прототип на автомобил со вградена технологија, што спречува автомобилот да го вози пијан возач, пишува Detroit news.

Оваа технологија, NHTSA започна да ја развива во 2008 година, по што е утврден системот за детектирање на алкохол кај возачот за безбедност – driver alcohol detection system for safety, познат како DADSS.

Во овој момент се развиваат два система. Првиот функционира како еден вид алкометар и го открива присуството на алкохол во здивот на возачот, додека другиот нивото на алкохол го мери преку прстот на лицето кое е сместено зад воланот. Штом се детектира присуство на алкохол, автомобилот нема да дозволи стартување.

NHTSA очекува оваа технологија во иднина да биде комерцијализирана, како и било кој друг систем за безбедност, којшто е присутен во современите модели на автомобилите.

Се проценува дека овој систем ќе биде подготвен за вградување во новите модели на автомобили што се продаваат во САД веќе од 2018 година, по што би можел да стане задолжителен дел од опремата на сите возила во таа земја.