Daimler и BMW ќе одржуваат високи цени и по завршувањето на кризата со чипови

56

Автомобилските компании Daimler и BMW планираат да го ограничат обемот на првокласни модели што ги нудат, дури и по смирување на недостатокот на чипови од кои страда индустријата, во обид да обезбедат стабилно зголемување на цените постигнато за време на пандемијата, пренесе Фајненшл тајмс.

Хроничната криза со полупроводниците, на кои автомобилите се потпираат на се – од електронски прозорци до системи за помош при возење – ја намали понудата на автомобили, токму кога побарувачката се обновува по бројните блокади.

Други германски компании за луксузни автомобили веќе го напуштија пристапот базиран на обем пред КОВИД-19, бидејќи склоноста на клиентите да плаќаат повисоки цени за време на пандемијата им дадоа доверба да одат понатаму.

„Намерно ќе понудиме помалку од нивото на побарувачка“, рече Харалд Вилхелм, финансиски директор на Daimler, за ФТ. „Во исто време, ќе ги фокусираме автомобилите на повисокиот, луксузен сегмент“, додаде тој.

BMW „забележа значајно подобрување на ценовната сила во последните 24 месеци“, рече Николас Петер, главен финансиски директор на компанијата. Планот на компанијата со седиште во Минхен „е да го задржи“ начинот на кој управуваме со понудата, со цел да ја задржиме силата на цената на денешното ниво “, додаде тој.

Водачите во индустријата, дилерите на автомобили и аналитичарите велат дека недостатокот на чипови, кој е вкоренет во конкуренцијата помеѓу автомобилската индустрија и потрошувачката електроника за ограничена понуда на полупроводници, ќе најави нов пристап кон цените и продажбата на премиум моделите.

„Пандемијата навистина ги отвори очите на сите, дека е можна различна парадигма. На сите им се допаѓа, вклучувајќи ги и трговците“, вели Арндт Елингхорст, аналитичар во Bernstein.

Попустите што обично им ги нудат трговците на клиентите, кои достигнуваат околу 15% на зрелите пазари, сега се намалени, а некои модели се продаваат над одредената цена.

Намалувањето на просечниот попуст за еден процентен поен ќе донесе дополнителни 20 милијарди долари профит за производителите на автомобили, рече Елингхорст. Попустите во Европа и САД се намалија најмалку двојно од нивниот врв пред пандемијата.

Зголемената сила на цените веќе се рефлектира во финансиските резултати на BMW и Daimler. Mercedes оствари поврат од продажбата од 12,2% во последниот квартал, што е зголемување од 8,4% во истиот период во 2018 година, последен пат во кој индикаторот не беше засегнат од пандемијата или трошоците поради емисиите на дизел. Маржата на BMW достигна скоро 16%, што претставува зголемување од 8,6%.

Знаците, дека ценовната сила на производителите на луксузни автомобили продолжува, се појавува во време кога централните банки и понатаму се загрижени за инфлацијата во позадина на глобалното економско закрепнување.

Оваа недела, Европската централна банка ја зголеми прогнозата за инфлација на 2,2% оваа година, но предвиде дека следната година ќе падне под целта од 2% и ќе остане на само 1,5% во 2023 година.