Daimler отпушта 10.000 вработени на глобално ниво

42

Daimler, матичната компанија на Mercedes-Benz, ќе отпушти 10.000 вработени во светски рамки. Производителот е последна компанија за автомобили во низата што се приклучува кон електрификација на возилата.

Од Daimler велат дека отпуштањата се неминовни поради кратење на трошоците, а парите ќе бидат вложени во нови електрични возила, чиешто производство чини многу.

Отпуштања ќе има и во менаџерскиот сектор за 10%, пишува CNN.

Производителот вработува околу 300.000, од кои речиси 60% работат во Германија. Со овој потег ќе се заштедат 1,4 милијарди евра до крајот на 2022 година.

Електричните возила имаат помалку делови од оние со внатрешно согорување, па затоа потребата од работници се намалува.

Фото: Pixabay