Дали би го замениле шефот со робот?

46

Се верува дека во следната декада голем број работни места ќе бидат доведени во прашање бидејќи нивната работа многу попрецизно и побрзо можат да ја завршат роботите. Воопшто не треба да бидеме изненадени ако наскоро наместо колеги слични на нас имаме роботи со коишто би го пиеле утринското кафе.

Survey Monkey неодамна спроведе интересно истражување на повеќе од илјада вработени, поставувајќи им едно прашање – дали би го замениле шефот со робот? Иако поголемиот број и понатаму сакаат со компаниите да управуваа шефови од “крв и месо“, сепак дел од испитаниците се согласни со тоа да добиваат наредби и нивната работа да ја надгледуваат шефови.

Survey Monkey не дале некоја прецизна дефиниција околу тоа што подразбираат под робот, дали тоа е хуманоиден робот, софтвер или нешто сосема друго.

Податоците, исто така, покажуваат дека помладите вработени, на возраст меѓу 25 и 29 години, се попријателски расположени кон шефот робот за разлика од нивните повозрасни колеги. Според оние прифаќаат шеф да им биде робот, сметаат дека на тој начин роботот нема да фаворизира ниту еден од колегите, туку ќе ги оценува согласно сработеното.

Дали ова ќе биде некогаш реалност ни преостанува само да чекаме и да видиме што ново ќе ни биде “сервирано“ од светот на технологијата.

Фото: Pixabay

  • ОЗНАКИ
  • IT