Дали би платиле 1.530 евра за порција тестенини?

40

world-most-expensive-pasta1-468x351Ресторан во Менхетен приготви порција тестенини со свеж јастог и црни тартуфи за неверојатна цена од 2.013 долари.

Луксузниот италијански ресторан BiCE во Њујорк е убеден дека посетителите кои имаат малку подлабок џеб би одвоиле 2.013 долари, односно 1.530 евра за една порција tagliolini, во која има 450 грама свеж Maine јастог, диви печурки и црни тартуфи.

Готвачот Силверио Чавез додава дека златната чинија на која е сервирана порцијата тестенини го прави јадењето уште поуникатно, поради фактот дека чинијата е дизајнирана од познатиот моден креатор Џани Версаче.

Седум месеци пред неговата смрт менаџерот на BiCE побара од Версаче да дизајнира серија чинии од кинески порцелан за потребите на ресторанот. Иако првично беа изработени 800 чинии, според господин Чавез денес има само 45.

Менито вклучува и предјадење од крцкави каламари и колачи од ракчиња, телешко scaloppini во сос од лимон и капари, sautéed спанаќ, компир гратин и специјален BiCE десерт.