Дали би пробале жабји бургер?

30

BN-HG193_jfrog_G_20150305003836Црните лепиња за хамбургери, чија боја се добива со додавање на бамбусов јаглен, веќе и не се некоја новост. За да бидат први во сè, Јапонците овој пат ќе пробаат да изненадат со нешто навистина интересно и досега невидено.

Кон крајот на март, музејот Orbi Yokohama ќе почне да послужува еден малку поинаков бургер – жабји бургер – пржена жаба ставена помеѓу две црни лепиња. Новата креација ќе биде послужувана во кафулето на музејот во ограничен временски период, пишува Wall Street Journal.

Жабјиот бургер ќе оди заедно со пијачка и ќе чини 8,40 долари.

Orbi-Yoohama-790x480

Овие бургери ќе содржат и мала количина на соја сос со вкус на пилешко. Како што велат креаторите на специјалитетот, “крцкавата жаба оди одлично со слаткиот сос”.

Овој бургер ќе се служи во период кога во музејот ќе се одржува изложбата на пајаци, ражи, риби боцкалки и други отровни суштества.