Дали би пробале живи ракчиња со мравки?

56

b12d1c9a-f67c-4828-96a6-0c0e350f7ce8-bestSizeAvailableНајдобриот ланец ресторани во светот Noma, не престанува да изненадува со своето мени.

Но, она што го нуди во својот ресторан во Токио е навистина нешто што малкумина можат да го пробаат – живи ракчиња со мравки.

Јадењето е всушност предјадење на три часовното дегустаторско мени од вкупно 15 специјалитети, инспирирани од истите уникатни намирници кои го направија оригиналниот Noma ресторан во Копенхаген познат во целиот свет.

Noma во Токио се наоѓа на 37 кат во хотелот Mandarin Oriental и покрај неверојатната храна нуди прекрасен поглед на планината Фуџи.

53daa6ad6dec627b149f91b4_noma-tokyo-restaurant

Со нивната природна мравја киселина, мравките кои буквало шетаат по ракчињата им даваат на истите малку киселкаст вкус, за кој главиот готвач Рене Реџепи вели дека е “вкусот на шумата Нагано”, планински регион во северна Јапонија, пишува The Guardian.

Не е првпат Noma да служи мравки во своето мени, а Јапонците сакаат да јадат жива морска храна, како на пример жив октопод и ситна риба.

Специјалитетот чини 298 евра.

noma-japan-shrimp-ant