Дали Европа го добива третoто најголемo ИПО? Порше излегува на берза за неколку дена

167

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) соопшти дека цели на проценка до 75 милијарди евра за Порше кога луксузниот бренд ќе дебитира на берза.

Тргувањето со акциите е предвидено да започне во Франкфурт на 29 септември. Денеска треба да биде објавен проспект, по што инвеститорите ќе можат да се запишат на акциите на Порше. Продажбата на акциите на Porsche ќе биде втората по големина иницијална јавна понуда (ИПО) во Германија.

– Сега сме во почетна фаза со планови за ИПО за Porsche и ја поздравуваме посветеноста на нашите инвеститори – изјави главниот финансиски директор на VW, Арно Антлиц.

Групацијата VW, под чие покровителство е Порше, во соопштение до инвеститорите изјави дека приоритетните акции во флотацијата на Порше ќе ги вреднува од 76,50 до 82,50 евра поединечно, што на производителот на спортски автомобили ќе му даде пазарна вредност од 70-75 милијарди евра.

На горниот крај од опсегот, тоа би било третото по големина ИПО во Европа. Сепак, бројките објавени во неделата се пониски од претходната проценка од 85 милијарди евра – поради загриженоста на инвеститорите поради зголемувањето на каматните стапки и потенцијалната глобална рецесија.

VW соопшти дека ќе собере дури 9,4 милијарди евра од продажбата на акциите, што ќе и помогне да плати за транзицијата кон електрични возила и во процесот на развој на софтвер.