Дали грчката економија може да “преживее“ уште еден карантин?

26

Грчката економија би можела да поднесе уште еден потенцијален карантин поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот, смета министерот за финансии, Кристос Стаикурас, пренесуваат грчките медиуми.

Тој навел дека грчките власти засега не ја ревидирале нивната проценка на економски пад од 8% во оваа година, но предупредил дека постои сериозна неизвесност по тоа прашање, бидејќи податоците постојано се менуваат.

Економскиот раст што се прогнозира за следната година нема во целост да може да ја покрие загубата остварена оваа година.

Фото: Pexels