Дали Икеа доаѓа во Македонија?

141

Влезот на Туркмол на Скопскиот саем, ја отвори можноста шведскиот бренд, чиј застапник е турската компанија за овој дел од Европа, да дојде во Македонија.

Туркмол влегува во проектот на Ера „Град во град“ на Скопскиот саем, објави МТВ. Туркмол, компанија која е лидер во регионот во изградба на трговски центри, во неколку земји во Европа веќе го внесе брендот Икеа.

Од Ера за МТВ изјавуваат дека деталите за инверстицијата ќе се знаат наскоро. ИКЕА  е еден од најголемите и најпознатите меѓународни компании, има најголем синџир за продажба на мебел, а основан од  познатиот шведски претприемач Ингвар Кампард во 1943 година.

Икеа денес е присутна во 36 земји, во Европа, Австралија и Канада, со 285 стоковните куќи и трговски центри. Најголем нејзин пазар е Германија каде што има 43 продавници. Икеа планира до 2015 година да влезе и во земјите од поранешна Југославија, а цел и се и земјите во развој во кои се уште нема развиена мрежа.