Дали Лондон ќе остане светски финансиски центар

52

Лондон ќе остане водечки глобален финансиски центар и покрај регулаторната несигурност околу Брегзит, покажува годишното истражување за расположението на финансиските компании спроведено од Lloyds Bank.

Истражувањето спроведено на повеќе од 100 банки, компании за управување со средства и осигурителни компании, покажа дека повеќе од две третини од нив веруваат дека Лондон ќе остане врвен центар.

Се чини разумно да се заклучи дека, иако Лондон претрпе удар поради Брегзит, овој град сепак ќе остане еден од водечките светски финансиски центри, се вели во истражувањето.

Брегзит го отсече финансискиот сектор на Обединетото Кралство од ЕУ, а анкетата покажа дека 42 проценти од испитаниците веруваат дека пристапот до тие канали за пари ќе биде повторно овозможен од 2023 година или подоцна, додека речиси една третина изјвиле дека тоа никогаш нема да се случи.

Законските измени се сметаат за најголема закана. Британското министерство за финансии изнесе серија предлози за реформи кои допрва треба да се спроведат. Истражувањето покажа дека постојат значителни поделби, при што некои компании велат дека конкурентноста ќе се подобри поради отстапување од правилата на ЕУ, додека други велат дека конкурентноста ќе се влоши поради таквата разлика.