Дали малите деца треба да седат под клима?

133

klimi

Фото: Pixabay

Летото и високите температури се причина поголем дел од времето да бараме разладување под клима уредите. Сепак многу родители веднаш бараат климата да се исклучи од причина што не се сигурни колку е таа штетна за нивното малечко.

Малечките деца и бебињата исто како и возрасните подобро функционираат на “нормална” температура. Тоа значи дека можат да престојуваат во климатизирана просторија под услов да не се директно изложени на дувањето.

Просториите каде има мали деца и бебиња треба повремено да се разладуваат и да се проветруваат неколку пати во денот.

Исто така многу е важно да се внимава на разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура, истата не смее да биде поголема од 10 степени.