Дали навистина треба да го сакате она што го работите?

120

Дали треба да ја сакате својата работа и да ги правите работите само за љубов? Во светот денес се води голема дебата за ова. Некои веруваат дека љубовта и страста се незаменливи компоненти на успехот. Други тврдат дека е голема измама да се убедат луѓето да работат за помала плата и полоши услови.

Еве што напиша еден од најуспешните мотивациски говорници на сите времиња, Џим Рон, за тоа дали треба или не да го сакате она што го работите:

Мора да го сакате тоа што го работите, така велат луѓето. Но, тоа навистина не мора да биде вистина. Она што е точно е дека мора да ја сакате можноста, можноста да изградите живот, иднина, здравје, успех и богатство. Тропањето на туѓа врата можеби не е нешто што сакате да го правите, но ќе ви се допадне можноста за она што се крие зад таа врата.

Некој вели: Јас копам канали. Дали треба да сакам да копам канали? Одговорот? Не, не мора да сакате да копате, но ако тоа ви е прво скалило на скалата на успехот, мора да размислувате вака: Мило ми е што некој ми даде шанса да копам, добро ќе копам па затоа не ќе мора да го прави тоа долго време.

Можеби сте инспирирани од фактот дека можеби сте нашле нешто, иако правите почетнички грешки, и иако тоа не е нешто идеално, правите нешто што сè уште не сте го совладале сосема. Не мора да го сакате, само треба да научите да ја цените можноста – и личноста која верувала во вас пред да верувате во себе, личноста која ви ја донесе добрата вест, која ве откри.

Ако ја прифатите одговорноста што доаѓа со нова можност, наскоро ќе откриете дека вашата самодоверба расте, дека скептикот го претворате во верник. И наскоро, кога ќе разговарате со луѓе, ќе ја откриете највозбудливата можност на светот. Секоја личност што ќе ја сретнете, што би можеле да ви станат? Можностите се неограничени. Пријател за цел живот, врата за пензија, колега за годините што доаѓаат. Ова се големи работи и, понекогаш, кога само што почнуваме, не гледаме колку се големи.

Пред да се предадете на искушението да се откажете или да се обесхрабрите, запомнете дека успехот е резултат на долгорочна посветеност, верба, дисциплина, став и неколку застанувања на патот. Можеби не ви се допаѓа станицата во која се наоѓате денес, но верувајте дека тоа води и до големи можности во иднина.

Фото: Freepik