Дали планирањето е преценето?

21

planiranje

Фото: Pixabay

Планирањето на бизнисот е тешка задача во современите услови на живееење. Работите се менуваат брзо и никој со сигурност не може да ја предвиди иднината. Истражување, планирање и собирање средства нема да ви помогне многу, кога светот се менува толку брзо. Можете да излезе со план кој е совршен за еден свет што се променил додека вие сте го трошеле времето во планирање. Истото би можело да се случи со решавање на некој проблем што сте го имале на работа, кој во меѓувреме исчезнал или пак го решил некој друг.

Во ситуации каде што не можете да планирате за во иднина на било кое ниво заради несигурноста, подобро би било да ја употребите стратегијата што најдобрите претприемачи ја прават. Најуспешните претприемачи се исклучително свесни за ризикот што го преземаат. Тие не прават големи влогови. Наместо тоа, ако сакате да го следите нивниот пример, ќе преземате мали и паметни чекори.

Видете кои се тие:

1. Започнете со желба и идеја

Потребна ви е идеја и да најдете нешто што сакате да го работите. Не ви треба многу страст, туку доволна е само силна желба и идеја за да започнете.

2. Правете паметни чекори што е можно побрзо за да ве одведат до целта

Што е паметен чекор? Тоа е чекор, кадешто дејствувате брзо со помош на се што ви е на дофат на раката. Тоа подразбира – сето она што го знаете, луѓето што ги познавате и се друго што ви е на располагање. Преземате сигурни чекори што ќе бидат прифатливи, за да не претрпите големи загуби, ако евентуално изгубите и ќе треба да ја напуштите идејата. Затоа можете да побарате партнери и на тој начин ќе се здобиете со повеќе ресурси, ќе се подели ризикот и ќе се потврди квалитетот на вашата идеја.

3. Изградете платформа од чекорите и од она што сте го научиле

Од таа платформа ќе научите што треба да направите, затоа што секој пат кога ќе дејствувате, реалноста се менува. Понекогаш чекорите што ги правите ќе ве однесат поблиску до она што го сакате, но понекогаш она што го сакате ќе се смени. Ако обрнете поголемо внимание, секогаш можете да научите нешто од ситуациите во коишто сте се нашле. Затоа откако ќе дејствувате, поставете си ги следниве прашања: Дали тие дејствија ме доближија до саканата цел? Дали ми се потреби дополнителни ресурси за да стасам поблиску до целта? Дали се уште сакам да ја остварам оваа цел?

4 . Повторете го претходното

Дејствувајте. Научете. Изградете. Повторете. Само со овие чекори ќе ја поразите неизвесноста.