Дали прехранбената индустрија ќе ги преживее лековите за слабеење?

43

Во време кога „дебелината“ се наведува како следната голема работа во бизнисот, кога сè повеќе се зборува за лекови за слабеење, првата на удар веројатно е прехранбената индустрија.

Годинава компанијата Џени Крег, американски синџир на центри за слабеење  мораа да го затворат бизнисот по 40 години. Проценката е дека токму лековите за слабеење пресудија на оваа компанија која обезбедува нутритивно избалансирани менија, дизајнирани да им помогнат на луѓето да ослабат.

Сепак, популарните лекови за слабеење не станаа проблем само за оваа „мала“ компанија.

Сега гигантите и инвеститорите од прехранбената индустрија гледаат како Оземпик и други слични лекови за слабеење допираат до милиони луѓе, што ја попречува американската индустрија за диети и поставува нови прашања за тоа како потрошувачите ќе јадат во иднина.

Многумина, според Wall Street Journal (WSJ), веќе се подготвуваат и истражуваат за потенцијалното влијание на овие лекови врз однесувањето на потрошувачите и размислуваат за начини како да одговорат.

Лековите, кои го потиснуваат апетитот на пациентите, експлодираа во популарност во САД, затегнувајќи го производствениот капацитет. Морган Стенли предвидува дека 24 милиони луѓе, или речиси 7% од населението на САД, ќе земаат такви лекови во 2035 година.

Истражувањето на 300 пациенти покажува дека луѓето би можеле да ја намалат дневната потрошувачка на калории за дури 30 проценти. За лице на диета од 2.000 калории, тоа може да значи елиминирање на кесичка чипс, шише сок и повеќе секој ден.

И Волстрит се обидува да го проектира влијанието на лекот врз производителите на храна и пијалоци, рестораните и продавниците за намирници. Една студија сугерира дека стоките како што се бонбоните, каде што околу една третина од продажбата е наменета за луѓе кои ги консумираат производите барем еднаш дневно, би можеле да бидат најзагрозени.

Николас Фередеј, извршен директор за храна и потрошувачки трендови во Рабобанк, рече дека лековите претставуваат нова закана за индустријата за пакувана храна.

„Ако две третини од Американците се целната публика, тоа е огромна работа“, рече Ферадеј, мислејќи на делот од американското население кое се смета за дебело.

Лекови за губење на тежината како голем ризик
Некои аналитичари од Волстрит и консултанти за прехранбената индустрија рекоа дека засега не го сметаат Оземпик, произведен од Ново Нордиск, и другите лекови за слабеење како голем ризик. Лековите остануваат скапи и недостапни за многу Американци, велат тие, а широко распространето или долгорочно усвојување не е загарантирано. Тие исто така споменуваат дека некои луѓе доживуваат непријатни несакани ефекти како гадење и дијареа. Исто така, сè уште не е јасно каква храна може да јадат пациентите додека го земаат лекот, велат тие, пренесува Бонитет. рс.