Дали проверувањето мејл после работно време е штетно за здравјето?

27

mobilen

Фото: Pexels

Вработените кои имаат обврска да го проверуваат својот мејл по работното време се изложени на поголем ризик од емоционална истоштеност, пишува Real simple.com.

Компаниите формално не бараат од нивните вработени да ја проверуваат електронската пошта по завршување на работното време, но сметаат дека тоа е дел од работната култура.

Оптовареноста од голем број обврски, работа под притисок или меѓучовечки конфликти се најчестите извори на стрес на работното место. Студијата од државниот Универзитет Колорадо, како извор на стрес го идентификуваше редовното проверување на мејл по завршување на работното време.

“Мејлот е познат како пречка во процесот на закрепнување од работните обврски. Бидејќи до мејлот може да дојдеме од каде сакаме и кога сакаме (и кога не сме во канцеларија), тоа придонесува да се чувствуваме оптоварени од работа“, се вели во студијата.

За да се утврди точноста на овој наод, во истражувањето беа вклучени околу 400 вработени во компании од различни индустрии, како што се: финансии, банкарство, медицина и слично. На учесниците им биле поставувани прашања од типот: колку време поминуваат во проверување на мејлот по работното време и дали сметаат дека нивните претпоставени од нив го очекуваат тоа.

Податоците покажуваат дека времето што го користат за да проверат мејл не влијае на нивната истоштеност или на балансот меѓу семејството и работата, колку на тоа што од нив очекуваат претпоставените. Голем дел од испитаниците, имајќи на ум дека мора да бидат “дежурни на мејлот“, се чувствуваат несигурно и стануваат анксиозни, без оглед на тоа колку често проверуваат дали има нова порака.

Студијата покажува дека не треба да се забрани проверувањето мејл по работното време, туку да се создаде сигурна работна средина во којашто вработените нема да чувствуваат грижа на совест доколку се дома, а не го прочитаат мејлот.