Дали шефот на Ikea најавува поскапување на цената на мебелот

22

Глобалните трговски тензии или зголемувањето на даноците на одредени производи може да доведат до пораст на цените, предупредува шефот на Ikea пишува BBC.

Извршниот директор на Ingka Group, Џаспер Бродин сугерира дека наметнувањето царини по правило не оди во прилог на “обичните луѓе“. Светот е навикнат на пристапни цени на светски познатиот мебел.

Многу земји воведоа нови царини и други ограничувања на увозот во последните неколку години. Овој тренд беше нагласен од САД, под водство на поранешниот претседател Доналд Трамп, а Светската трговска организација вели дека дури и пред пандемијата, трговските ограничувања растат.

“Ова обично доведува до зголемување на трошоците на производите на крајот на денот. И постојат некои загрижености за тоа што се случува низ целиот свет“, рече Бродин во интервју за BBC.

Онлајн преживување

Околу 80% од 445 продажни места на Ikea ширум светот беа затворени во одреден момент во текот на изминатата година, но Бродин не смета дека пандемијата ќе промени сè за малопродажба засекогаш. Тој вели дека клиентите сè уште ценат кога можат да ги видат производите во живо или да добијат совет во продавницата.

“Повеќето луѓе сè уште сакаат да седат на троседот пред да го купат“, посочува шефот на шведската компанија. Сепак, тој сè уште смета дека беше мудар потег Ikea да инвестира во својата продажба преку Интернет, односно во онлајн продавницата, уште пред кризата. Тој не крие дека во еден момент се плашеле дека за прв пат, по 75 години работа, ќе бидат во минус.

Фото: Pixabay