Дали Шведска се “коцка“ со здравјето или останатите претеруваат?

1320

Додека поголемиот дел од Европа наметнува вонредни ограничувања за да се спречи ширење на коронавирусот, Шведска ги остави своите граѓани да бидат целосно слободни. Се поставува прашањето дали Швеѓаните се “коцкаат“ со здравјето или остатокот од светото претерува?

И покрај тоа што нејзините најблиски соседи, Данска и Норвешка, затвораат сè освен основните услуги, Швеѓаните и понатаму слободно се дружат. Иако универзитетите и средните училишта се затворени, градинките, баровите, ресторани, спортските клубови и фризерските салони остануваат отворени, пишува Russia Today.

“Улиците на Стокхолм и Малме се помирни од обично, но позитивно ‘поживи’ во однос на улиците во Копенхаген, Осло, Лондон, Париз и Рим. Стоењето во баровите е забрането, но ако можете да најдете слободно место, тогаш уживајте во ноќното излегување. Останатите мерки вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 50 лица на едно место, а за постарите од 70 години се бара самоизолација.

Според шведскиот премиер, Стефан Лофвен, предупреди дека времињата што доаѓаат ќе бидат тешки, но и дека сите Швеѓани поединечно ќе мора да преземат одговорност.

Оваа тактика е различна од стратегијата на Велика Британија, којашто подразбира граѓаните да останат дома, а излегувањето од дома е ограничено на еднаш дневно. Шведските експерти заземаа сосема поразличен став, а државниот епидемиолог, Андерс Тенгел, рекол дека прогнозите на Лондон, со предвидени 250.000 смртни случаи од вирусот се “песимистички“.

Сепак, статистиките за Шведска покажуваат дека има околу 3.500 заразени и 105 смртни случаи.

“Сè додека развојот на епидемијата во Шведска остане на ова ниво, не гледам некоја посебна причина за преземање мерки што може да се одржат само многу ограничен временски период“, изјави Тенгел.

Овој потег на Шведска им овозможува на компаниите да останат отворени, намалувајќи го ударот врз економијата на земјата. Овој пристап е широко прифатен од страна на јавноста, којашто на тоа гледа како на далеку поразумен начин на акција за разлика од другите земји. Тоа, исто така, ѝ помага на земјата брзо да се врати во полн капацитет, откако ќе заврши пандемијата.

Шведска верува дека довербата е важен фактор во демократијата, довербата на јавноста во оваа земја е исклучително висока, бидејќи граѓаните веруваат дека нивните политичари делуваат во јавен интерес.

Доколку се покаже дека пандемијата е толку смртоносна колку што се предвидувало, но не повеќе во Шведска одошто во другите земји, владата не може да биде обвинета дека не направила ништо, но и понатаму би била во стабилна состојба.

Фото: Pixabay