Дали сте “скроени“ да станете милионер?

168

Кој не би сакал да се приклучи на друштвото со седум цифри на сметка? Секој сака да биде милионер, но желбата е многу поголема од можноста.

Проверете дали ги имате следните неколку карактеристики што се заеднички на оние со длабок џеб.

Визија и долгорочни цели

Дали имате јасна замисла за иднината, план, мисија што сакате да ја постигнете? Милионерите пред да станат тоа што се, се потпирале на трите најважни елементи на својата долгорочна мисија – вредности, цел и визионерски план.

Препрека = можност

Ако на препреките гледате како на можности можеби имате потенцијал да направите голем успех.

Преземање на одговорност

Еден добар лидер презема одговорност во свои раце и веднаш пристапува кон решавање на проблемот. Не обвинува никого, а проблемот го гледа како можност за подобрување.

Жед за информации и личен развој

Не можете да дотуркате далеку ако не сте добро информирани и ако не работите на личниот развој. Секој милионер искористува максимум што може од (не)понудените шанси за да ги “исполира“ своите знаење и умеења.

Преземаат ризици

Дали сте личност што презема пресметани ризици? Ако не се тргнете од зоната на комфорот, можностите за седумцифрена бројка на сметката ви се речиси непостоечки.

Ги вреднуваат парите

Не е само да имате пари и да ги трошите. Милионерите знаат дека парите можат лесно да “испарат“ затоа прават пресметки. Големите трошоци се прават само кога имате големи резерви и инвестирате во нешто исплатливо.

Фото: Pixabay