Дали традиционалните баркодови наскоро ќе станат минато?

Баркодот, ознака на производите што личи на ленти од зебра – беше сеприсутен во последните 50 години, но неговите денови сега се одбројани. Поточно, во период од две години баркодот треба да престане да се користи.

Глобалната организација која ја надгледува нивната употреба рече дека помоќна алтернатива ќе им биде достапна на трговците на мало во рок од две години. Некои трговци на мало веќе ги тестираат кодовите од новата генерација.

Новите шифри вклучуваат датум на продажба, упатства за производот, алергени и состојки, како и цени. Нивната имплементација ќе значи „збогум со старомоден баркод“, според GS1, меѓународната непрофитна организација која го одржува глобалниот стандард за баркодови.

Tesco почна да ги користи на некои производи, а други испитувања покажаа дека отпадот од лесно расиплива храна, како што е живината, може да се намали со вметнување на датуми за продажба во новите QR кодови, што овозможува подинамично намалување на цените. Кока-Кола ја користеше и новата генерација на шифри на одредена количина производи.

Некои експерти сметаат дека извештаите за неизбежно исчезнување на баркодовите се предвремени, посочувајќи дека нема голема потреба од нови шифри, како и дека трошоците за редизајнирање на амбалажата се превисоки.