Дали Твитер останува бесплатен за „обичните корисници“? Маск најави нови промени

84

Откако Илон Маск го презеде Twitter за повеќе од 40 милијарди долари, многу работи ќе се променат.

Новина е изјавата на најбогатиот човек на светот – дека Twitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да има промена на цените за комерцијалните и владините корисници.

„Тwitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но може да има помала промена на цените за комерцијалните и владините корисници“, изјави новиот сопственик на Twitter, основачот на Tesla и SpaceX.

Тwitter одби да коментира нешто на оваа тема, откако со нив контактираше Ројтерс, а потсетуваме дека Американецот минатиот месец почна со предлози за промени на социјалната мрежа.