Дали враќањето на Трамп во Белата куќа значи крај на Федералните резерви?

65

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа навести можност за големи промени во работата на американската централна банка (Федерални резерви, ФЕД), а сега сè почесто се поставува прашањето не само како таа ќе функционира , но дали воопшто ќе продолжи да работи, пишува Си-Ен-Ен, а пренесува Форбс Србија.

Клучниот човек на Трамп кој би можел да има значително влијание врз обликувањето на неговите политики Илон Маск  на платформата Х сподели објава на републиканскиот сенатор Мајк Ли кој повикува на укинување на Централната банка и додаде емотикона „100“.

„ФЕД е еден од многуте примери за нашето оддалечување од Уставот, а тоа е уште една причина зошто треба да го укинеме“, рече Ли.

Портпаролката на кампањата на Трамп, Каролин Левит, рече дека „политиката треба да се смета за официјална само ако доаѓа директно од претседателот“.

Во јуни, сенаторот Ли и неговиот колега воведоа нацрт-закони насочени кон укинување на Централната банка и пренесување на нејзините овластувања на Министерството за финансии.

Трамп досега јавно не го поддржа укинувањето на ФЕД, но на предизборните митинзи се залагаше за промена на правилата на Централната банка, на незадоволство на многу економисти.

Повеќе од 70 години, Централната банка ги одредува каматните стапки на нивоа што одговараат на одржување на ценовната стабилност и максимална вработеност. Сето тоа време Конгресот и гарантираше на ФЕД дека нема да има политичко мешање во неговата работа, потсетува Си-Ен-Ен, а пренесува Форбс Србија.