Дали заслужувате покачување на платата?

146

Секој сака да знае кога може да очекува покачување на платата. Како претприемач требa да знаете дека постојат вработени на кои поради нивните очигледни квалитети вреди да им обрнете внимание. Иако како претприемач треба да внимавате на вашите пари, некои работници поради големиот допринос заслужуваат моментално зголемување на платата.

Вработените кои ги поседуваат следниве карактеристики го заслужуваат тоа:

Оние кои донесуваат најмногу приходи

Не е важно за каква работа станува збор, но работите се сосема јасни: лицето кое ви носи најмногу приходи заслужува покачување по сите критериуми.

Оние со непроценливи вештини

Некои вештини не може да се научат, како на пример став пред клиентите. На пример, ако ангажирате келнер кој секој го сака и за кој сите доаѓаат во вашето кафуле, треба да го наградите со покачување.

Оние кои даваат повеќе од 100% 

Ако имате работник кој секогаш поставува високи цели и ги остварува, треба да знаете да го цените. Малку се оние кои се целосно посветени на работата и не дозволувајте да се “лизне“ од вашите раце.

Оние што се со вас од почеток

Постојат работници кои се со вас од почеток, но поради различните циркулирања на луѓе во компанијата, може да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија – покажете им колку ги цените.

Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата

Во сè, а особено во бизнисот, важно е да размислите за иднината. Ако препознаете личност во компанијата која можеби еден ден ќе преземе деловна активност, дајте се од себе за да ја задржите, а финансиските средства честопати се добра гаранција.

Фото:Pexels