Dalmatian – прва хрватска нискобуџетна авиокомпанија

10

Dalmatian

Dalmatian, првата хрватска приватна нискобуџетна авиокомпанија почнува со работа на 30 јуни. Dalmatian, по повеќегодишни подготовки, според најавите на нејзината интернет страница, ќе го поврзе Загреб со 12 градови – Дизелдорф, Женева, Хамбург, Ларнака, Милано, Прага, Рим, Софија, Штутгарт, Варшава, Цирих, а во најава е и Виена, пишува Ex-YU Aviation news.

Првиот лет треба да биде кон Штутгарт. Најфреквентна рута ќе биде Рим, со шест полетувања неделно.

Билетите кон некои од овие дестинации можат да се купат за 29,99 евра во еден правец.

Во својата флота треба да имаат четири различни типови на ербаси.