Даночната управа на Србија ги објави најголемите должници

14

dinariДаночната управа на Србија објави список на најголемите должници во стопанството, според кој, меѓу активните претпријатија, прва на списокот е Застава оружје од Крагуевац со долг поголем од 56 милиони евра.

Зад Застава се наоѓа Симпо од Врање, со долг од 35 милиони евра, потоа претпријатијата Слобода од Чачак и Крушик од Ваљево, кои произведуваат воена опрема и должат 22, односно 19 милиони евра.

Меѓу најголемите даночни должници се и Железници Србија и Министерството за здравство, пренесуваат српските медиуми.

Должници се и фудбалските клубови Црвена Ѕвезда со 3,8 милиони евра, Војводина и ОФК Белград, како и медиумските куќи Борба, Пинк Интернационал и Новости.

Даночната управа објави пет списоци на должниците, поделени на фирми во реструктуирање, стечај и ликвидација, на оние на кои привремено им е одземен даночниот број и на преку 400 претпријатија што се активни.

Даночната управа списокот на најголемите должници меѓу претпријатијата и претприемачите го објавува на секои три месеци, во рамките на Законот за даночна постапка и даночна администрација.