Данок на наследство и недвижнини за поголеми буџетски приходи

117

Владите, во потрага по дополнителни приходи во услови на криза, би требало да разгледаат можност за воведување данок на наследство и недвижнини, соопшти Организацијата за економска соработка и развој, OECD.

Тие даноци во овој момент, во многу земји, се скромен извор на буџетски приходи поради различни причини, па често ја зголемуваат нееднаквоста, сметаат експерти на OECD.

Го издвоиле случајот со САД, каде сопственици на само 0,2% од недвижнините плаќаат данок на наследство, а скоро 80% од богатството е во рацете на 10% од најбогатите домаќинства.

Данокот на недвижнини и наследство е само 0,5% од вкупните даночни приходи во 24 земји на OECD и најчесто се тоа развиени земји кои имаат таков вид на давачки.

Сопствениците на поголеми недвижнини во одредени земји воопшто не плаќаат данок благодарение на изземањето за блиски роднини и за имоти како што се компании во семејна сопственост.

Даночниот систем се разликува кај секоја земја, па така изземањето на префрлање сопственост на децата се движи во распон од 17.000 долари во Белгија до 11 милиони долари во САД.

Во некои земји наследниците може да избегнат или да платат помал данок на подарок којшто често има поволен даночен третман.

Фото: Pexels