Данокот на високите плати ги брка странските компании од Хрватска

20

hrВисокото даночно оптеретување на менаџерските плати е една од причините поради која Хрватска ги губи регионалните седишта на мултинационалните компании. За да може да им се исплати нето плата од 1.500 евра на менаџерите, вкупната обврска на работодавачот е двојно повисока, 3.024 евра. Менаџерите кои добиваат 3.000 евра, ја чинат компанијата 7.100 евра месечно, пишува Пословни дневник.

Споредбите со други земји покажуваат дека Хрватска се наоѓа меѓу првите десет земји по даночно оптеретување на високите плати, на што многу мултинационални компании одговорија со селење на своите претставништва од Загреб кон поевтиниот исток. Меѓу последните што си заминаа на исток се Нестле и Лореал.

“Скоро сите мултинационални компании ги преселија своите регионални канцеларии од Словенија и Хрватска во Белград или Букурешт, а во последно време одат и во Атина”, вели економистот Ѓуро Њавро. Според него, само во Хрватска растат даноците и придонесите со раст на платата, во Србија уделот на давачки е ист, додека во Бугарија постои плафон на придонеси, па вкупните давачки не се прогресивни како во Хрватска, пишува Пословни.