Француската компанија Danone, сопственикот на водата Евиан и брендот јогурти Активиа, објави дека купува 92% од капиталот на американската компанија за производство на органска храна за бебиња, Happy Family.
“Планираме да ја развиваме компанијата Happy Family и нејзините брендови”, изјави Феликс Мартин Гарција, потпретседател на дивизијата за бебешка храна во Danone.
Оваа американска компанија, основана во 2006 година, држи 4% од пазарот во САД и остварува преку 60 милиони долари годишно, а за 2013 година предвидува силен раст.
Цената на продажбата не е објавена.