Данска е најбогата земја во ЕУ

109

Данска е најбогатата европска земја според просечното богатство на нејзините граѓани. Последните податоци од данската централна банка покажуваат дека семејствата во Данска имаат најголеми просечни залихи на готовина и пензиски заштеди.

Данците, сметано по глава на жител, според овие податоци имаат околу 1,3 милиони круни (170.000 евра) финансиски имот, што е повеќе од двојно од просекот на ЕУ и тоа откако од имотот ќе се одземат долговите.

По Данска, со просечен нето финансиски имот вреден 211.000 долари е Холандија, потоа Шведска, Луксембург, Белгија и Франција. Данска е на прво место иако во исто време го држи и светскиот рекорд во негативни каматни стапки, откако централната банка за првпат ги воведе во 2012 година.

Меѓу најсиромашните земји во Европа се вбројуваат Хрватска која е петта најсиромашна со просечен нето финансиски имот вреден само 17.100 долари. Под неа се наоѓаат Полска, Бугарија, Словачка и Романија, во која нето просечниот имот е само 8.900 долари, пишува Bloomberg.

Сепак, данските домаќинства, од друга страна се и меѓу најзадолжените во Европа со кредити примарно во форма на станбени хипотеки.

Според податоците на централната банка, долговите по жител во Данска изнесуваат околу 560.000 круни (55.000 евра) во просек.

Фото: Pixabay