Данска ги укина корона рестрикциите

51

Данска од денеска ги укинува преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на корона вирусот, што е потег кој се објаснува со високата имунизација на населението.

Луѓето повеќе нема да мораат да покажуваат ковид-потврда на која се гледа дека се вакцинирани, дека преболеле ковид или имаат негативн тест, дури ни на големи настани, како фудбалски натпревари, ни во ноќни клубови, кои повторно се отворени.

Данска повеќе нема да ја класифицира Ковид-19 како социјално критична боест.

Изминатите неколку месеци владата постепено ги укинуваше мерките меѓу кои и задолжителното носење маска.

Ноќниот живот повторно е допуштен кон крајот на минатиот месец, по година и половина откако беше затворен. На почетокот луѓето мораа да покажат ковид-потврди.

Тоа барање е укинато и за баровите, теретаните и другите активности.

Министерот за здравство Магнус Хеунике рече дека кон крајот на август попуштањето на мерките е можно благодарение на високата вакцинираност.

Досега 83 отсто од Данците над 12 години во потполност се вакцинирани.

Сепак, за патниците кои влегуваат во земјата од странство, некои рестиркции ќе останат на сила. Дали за влез во Данска ќе ви треба тест, зависи од која земја доаѓате.