Данска воведува дигитални возачки дозволи

27

Данските возачи повеќе не мора да носат возачка дозвола во форма на картичка, туку мобилен телефон во кој се наоѓа специјална апликација со потребните информации.

Апликацијата се вика Kørekort и работи со собирање на сите потребни кориснички податоци со скенирање на пасошот. QR-кодот што го генерира и овозможува на полицијата со вчитување веднаш да го провери идентитетот на возачот, категоријата и датумот на истекување.

Со оглед на едноставноста на технологијата, може да се очекува и други европски земји да започнат со воведување на дигитални документи потребни за возење.

Фото: Pixabay