
Данската влада планира да воведе посебен данок за патниците во воздушниот сообраќај.
Тоа во просек треба да изнесува околу 13 евра по лет, а собраните средства меѓу другото ќе се искористат за поддршка на одржливата транзиција на воздухопловната индустрија.
Со ова Данска ќе им се придружи на Германија и Шведска кои веќе имаат сличен данок, пренесува SEEbiz.
За летови во Европа патниците ќе треба да платат такса од околу осум евра, а за подолги патувања, на пример до Њујорк околу 32 евра, а до Бангкок околу 52 евра.
Данска не е единствената земја која одлучила да воведе ваков данок. На сличен потег се одлучија и Германија и Шведска.
Данската влада очекува со помош на таксата за патници во воздушниот сообраќај до 2030 година државниот буџет да се наполни со дополнителни 160 милиони евра.
Средствата ќе бидат искористени за поддршка на транзицијата на воздухопловната индустрија кон поеколошки мотори и на помали аеродроми, за кои се очекува најмногу да ги почувствуваат последиците од воведувањето на данокот.
Данскиот министер за транспорт Томас Даниелсен најави и воспоставување систем на финансиска поддршка во вредност од 107 милиони евра, што ќе им овозможи на аеродромите и авиокомпаниите да тестираат еколошки технологии.