Данската кралица на 81 година најде нова работа – кој е нејзиниот работодавец

113

Пред неколку дена се случи нешто, можеби невообичаено во светот на филмот, а тоа е фактот дека данската кралица Маргарет Втора беше ангажирана од Netflix. Според Гардијан, но и други медиуми, оваа осумдесет и едногодишна дама ќе работи како сценограф за претстојниот филм на Netflix, чиј заплет ќе биде базиран на романот на Карен Бликсен.

Романтичната фантазија Ehrengard ќе ја режира Бил Аугуст, познат дански режисер чиј филм Пеле освојувачот ја освои Златната палма и Оскар за најдобар филм на странски јазик во 1988 година. 

Кралицата на Данска дојде на престолот уште во 1972 година, а инаку е врховен командант на одбранбените сили на земјата. Таа исто може да се пофали и со уметничка кариера.

Имено, таа црташе илустрации за данските изданија на романот Господарот на прстените, и ги изложи своите дела во различни галерии, вклучувајќи го и Музејот за модерна уметност Аркен во Ишој во близина на Копенхаген. Работеше и како дизајнер на продукција за фантастичната бајка од 2009 година – Диви лебеди, и за кратка филмска адаптација на Снежната кралица, Ханс Кристијан Андерсен од 2000 година.

Родена е во Копенхаген на 16 април 1940 година, како ќерка на Фредерик IX и принцезата Ингрид од Шведска. Студирала праисториска археологија, политички науки и економија на престижните универзитети во Кембриџ и Сорбона. Особено е интересно што Маргарет II совршено зборува дански, француски, шведски, англиски и германски. Исто така, се вели дека е феноменален сликар и одличен преведувач.