Дански медиуми преговараат со Google и Facebook за плаќање преземени содржини

32

Данските медиуми одлучија да ги здружат силите и да преговараат со Google и Facebook околу плаќање надоместок за содржина, во првиот обид медиумите во Европа колективно од технолошките гиганти да бараат надоместок за пренесените вести.

Претставници од 29 дански медиуми компании и водечки новинарски издавачи, ќе се најдат на заеднички состанок.

“Веруваме дека колективното управување со нашите права ќе даде најправедна вредност кога се во прашање технолошките гиганти и нивното користење на нашите дрожини“, рекол извршниот директор на медиумската компанија JP/Politikens, Хус Стиг Орсков.

Преговорите со Google и Facebook ќе започнат на крајот на неделата, а потоа можеби ќе се разговара и со другите технолошки компании, како што е Twitter.

Колективното преговарање се надоврзува на минатогодишната промена на европските директиви за авторски права, којашто ги принуди платформите како што се Google и Facebook да инсталираат филтери за да не можат корисниците да ги пренесуваат содржините што се заштитени со авторски права.

Фото: Pexels