Данскиот гигант го тужи Евергрин за блокирање на Суецкиот канал

52

Данската бродска компанија „Маерск“  соопшти дека поднела тужба против сопственикот и операторот на контејнерскиот брод „Евергрин“ кој го блокираше Суецкиот канал шест дена во 2021 година, барајќи компензација за доцнењето предизвикано од инцидентот.

Данската компанија не ја откри висината на побарувањето ниту времето кога е поднесена тужбата, објави Ројтерс.

Maersk поднесе тужба против сопствениците и техничките менаџери на Evergreen пред данскиот поморски и трговски висок суд, бидејќи претрпе загуби поради блокирањето на Суецкиот канал, изјави портпаролот на Maersk за Ројтерс.

Евергрин, еден од најголемите контејнерски бродови во светот, шест дена во март 2021 година заглави во Суецкиот канал поради силните ветрови, што го запре сообраќајот во двете насоки и ја наруши глобалната трговија.

Како што беше напишано во тоа време, груба проценка покажа дека блокадата чинела околу 9,6 милијарди долари сообраќај дневно, врз основа на пресметките кои сугерираа дека сообраќајот кон запад вреди околу 5,1 милијарди долари дневно, а сообраќајот кон исток приближно 4,5 милијарди долари.

Фото: Facebook