Darling: Смартфон со дијаманти и камера од 360 степени

30

darling

Фото: YouTube Screenshot

Кинеската компанија ProTruly го претстави паметниот телефон Darling со вградена камера што може да снима под агол од 360 степени, односно да прави фотографии во сите правци одеднаш. Фотографиите и видеата ќе може да се објавуваат на различни страници како Facebook и YouTube што поддржуваат снимки од 360 степени, пишува Daily Tech.

Постојат две верзии на овој телефон. Стандардната чини 600 долари, а премиум верзијата 1.300 долари бидејќи наместо пластика во изработката на куќиштето на камерата користена е кожа, злато и четири дијаманти.

Darling има камера од 13 мегапиксели, 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија, 5,5 инчен екран, а користи Android оперативен систем.