Datalab ја презема македонската компанија InCom

167

Словенечкатa компанија Datalab Tehnologije, којашто се занимава со информатичка технологија, потпиша договор за преземање на македонската компанија InCom, пренесува Finance.si.

InCom и нејзините 10 вработени се специјализирани за имплементација на деловна информатика и практично ќе го удвојат капацитетот за имплементација на филијалата на Datalab во Северна Македонија, соопшти словенечката компанија.

“Покрај локалниот пазар, ќе ги надополниме и нашето присуство и капацитети на бугарскиот пазар, бидејќи јазиците и деловното опкружување се доста слични, а силното регионално седиште ќе помогне во консолидирање на косовскиот и албанскиот пазар, соопштија од Datalab.

Директорот на InCom, Сашо Јовановски ќе ја преземе челната позиција на Datalab во Македонија. Основачот на InCom, Ѓорѓи Николов ќе ја преземе функцијата шеф за поддршка на клиенти во Македонија.

Фото: Pixabay