Давос очекува рекордна посетеност на Светскиот економски форум

55

Рекорден број бизнисмени и владини лидери ќе се соберат следната недела (16-20 јануари) во швајцарскиот зимски центар Давос за да се обидат да ги решат предизвиците кои се движат од глобалниот економски пад до еколошки колапс, како дел од Светскиот економски форум (СЕФ).

„Сите западнавме во некаква криза“, рече директорот на СЕФ Клаус Шваб на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменични проблеми во снабдувањето со енергија и храна, пренесе Ројтерс.

Поради пандемијата на Ковид, лидерите последен пат се собраа во 2020 година во јануари.

Пред две години настанот се одржуваше виртуелно, а минатата година беше поместен за мај поради зголемувањето на бројот на пациенти.

„Давос треба да помогне да се промени начинот на размислување по пандемијата“, рече Шваб.

Иако нема да има Руси, организаторите најавија дека ќе има рекорден број учесници, дека ќе доаѓаат гости од целиот свет и дека од кинеската делегација има очекувања на „високо ниво“.

Во Давос ќе има 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи.

Во швајцарскиот зимски центар ќе бидат и шефовите на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска организација …

Организаторот најави дека Украина, која беше најважниот член на Форумот минатата година, повторно ќе испрати висока делегација.