Шампањот De Watère, произведен со идеја симболично да го претставува потеклото на фамилијата De Watère и да ја “врати” историјата назад отсликана во живи сеќавања, е најскапиот шампањ на светот.
Луксузниот пијалок не се истакнува само по префиниетиот вкус на Cuvée De Watère, туку и по гламурозната комбинација на 24-каратната златна паричка, врежана во емблемот De Watère и дијамантот од еден карат, кој што е обрабен на проѕирната торбичка и прикачен на дното на шишето.
Опишан како врвно уживање од најпребирливите љубители на шампањ и познавачи на стилот, тој порано беше достапен само за членовите на фамилијата De Watère, при прославувањето на нивната повторна средба, чувајќи ја паричката како вечен спомен на специјалната прилика. Шампањот сега е достапен за секој што може и сака да го купи.
Цената на овој скап пијалок е 45.290 долари за шише, кое што доаѓа во специјална кутија рачно изработена во Баварија, од дрво со највисок квалитет со боја на старо злато сатен. Кутијата е завиткана во златна фолија која е заштитена со рачно плетен материјал од злато, запечатен со печатот De Watère.