Дебарски бањи Цапа за шест месеци прокнижи 6,2 милиони денари добивка

21

debarski-banji-capa

Дебарски бањи Цапа од Дебар во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година евидентираше добивка во висина од 6.255.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2016 година, компанијата прикажа загуба од 1.710.000 денари.

Вкупните приходи до продажба на крајот на јуни оваа година имаа вредност од 61.723.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 47.147.000 денари.

Основна дејност на Дебарски бањи Цапа е специјалистичка медицинска пракса.