Дебарско сирење, нов македонски бренд

224

debarsko sirenje

Здружението на сточарите од Дебарскиот регион Даши донесе одлука брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името Дебарско сирење.
Оваа одлука е донесена од страна на повеќето сточари од овој регион, откако беше отфрлен предлогот на сточарите од Жупа, сирењето да го носи името Коџаџенг, кое во превод значи голема битка.
“Одлуката за името на брендот е донесена и целосната потребна документација е доставена со сите надлежни институции кои се занимаваат со брендирање. Одлучивме овој наш тредиционален млечен производ да го носи името Дебарско сирење”, рече претседателот на Даши, Скендер Аме.
Аме додаде дека веднаш по добивањето на брендот, сирењето ќе се продава во посебни канти, со посебна амбалажа и лого.