Дебата за нови работни места и поттикнување на автомобилскиот и агри секторот

13

Во организација на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка денес во Скопје ќе се одржи дискусија на тркалезна маса посветена на создавање нови работни места и поттикнување развој во автомобилскиот и агри секторот .

На настанот ќе учествуваат владини министри, претставници од приватниот сектор и претставници на повеќето развојни организации како што се Светска Банка, ИФЦ, ЕБРД, ЕУ, УСАИД.

Целта на овој состанок е да се унапреди неискористениот развоен потенцијал на приватниот сектор во Македонија за отворање повеќе и подобри места, со посебно внимание во автомобилскиот и агри секторот.
Според проценката на Светската банка треба да се отворат 600 милиони работни места до 2020 год., главно во земјите во развој, за да се биде во чекор со растот на населението.

Приватниот сектор, кој обезбедува девет од десет работни места, е клучен за справувањето со овој проблем.

Тркалезната маса ќе ги истакне приоритетните дејствувања за понатамошен развој на секторите и нивните локални вредносни синџири. Македонската Влада презема позитивни чекори кон зголемување на конкурентноста преку поттикнување иновации и квалитетни производи.

Во рамки на настанот предвидено е да се обратат министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за странски инвестиции Веле Самак и директор на канцеларија во Македонија на Светска банка.