Дебелината е „приказната на деценијата“: Пазар вреден 200 милијарди долари до 2030 година

Истражувачкиот тим на Barclays минатата недела објави дека растечката индустрија на лекови за слабеење би можела да вреди дури 100 милијарди долари во следната деценија.

Нарекувајќи ја дебелината „приказна на деценијата“, шефицата на истражувањето за европскиот капитал за фармацевтски производи на Barclays, Емили Филд, рече дека врз основа на повратните информации од инвеститорите, оваа проценка можеби е дури и премногу конзервативна. Оваа недела, Филд изјави за CNBC дека ако продолжи темпото, тој број може да се удвои.

Според Светската здравствена организација, глобалните стапки на дебелина се зголемиле речиси тројно во текот на изминатата деценија. Во моментов, се проценува дека една милијарда луѓе се клинички дебели, од кои приближно 650 милиони се возрасни, 340 милиони се адолесценти и 39 милиони се деца.

Компании кои се истакнуваат во производството на лекови за слабеење секако се Ново Нордиск и Ели Лили.

Проценката на Barclays е една од најхрабрите, бидејќи претходните проценки беа во опсег од 50 милијарди долари до 2030 година.

Банката Морган Стенли на сличен начин ја процени индустријата на 54 милијарди долари до 2030 година во истражувачката белешка објавена минатиот август.