Деца даруваа подароци за деца во Ремедика

25

Стотина играчки за деца денес беа донирани за сите болни дечиња во приватната општа болница Ремедика.

Децата од голем број градинки низ Македонија специјално изработуваа играчки наменети за сите дечиња кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во топлата атмосфера на Ремедика.  Играчките се рачна изработка од сите учесници во овој проект и се одличен начин да им се испрати љубов и прегратка на сите болни деца.

“Да се дарува од дете за дете, значи дека се дарува топлина, искреност, насмевка и среќа.  Понекогаш е потребно многу малку за да се  помогне некому и да се покаже нашата хумана страна.  Денеска заедно со тимот на Рингераја ги изненадивме сите наши мали пациенти кои со голема насмевка ги пречекаа подароците направени  од нивните другарчиња”, изјави Елица Јорданова, генерален директор на Ремедика.

Голем број на градинки и семејства се вклучија во овој проект и денеска во Ремедика ги изненадија дечињата. Прегратката на овие играчки значи порака за побрзо оздравување и желба да се предизвика среќа и радост во очите на децата.