Децата на богати и образовани родители имаат поголеми шанси за успех во училиште

94

Во анализата се земени податоци од 5.000 деца родени во Велика Британија помеѓу 1994 и 1996 година, вклучувајќи ги резултатите на испитувањето во клучни фази на нивното образование како и богатството и знаењето на родителите.

Иако резултатите посочуваат дека гените значително влијаат врз академскиот успех, тие покажуваат дека е поважно е статусот и образованието на родители, пишува Health 24.

Додека 47% од децата со висока генетска склоност за образование постигнале значителен успех во основно и средно училиште и покрај фактот дека нивните родители не се факултетски образовани, стапката била дури 62% кај оние со ниска генетска склоност, но со побогати родители.

Вкупно 77% од децата со висока генетска склоност, богати и добро образовани родители се запишуваат на факултет. Децата кои имаат лоша генетска склоност и потекнуваат од посиромашни семејства, стапката изнесува 21%.

Фото: Pexels