DeepFace на Facebook ќе препознава лица

30

o-FACEBOOK-FACIAL-RECOGNITION-570

Facebook ја поседува најголемата фото – библиотека во светот и сега поседува технологија со која што ќе може да ги препознае лицата на сите во неа, дури и ако не ја тагнете фотографијата, пишува Huffington Post.

Facebook веќе одамна развива технологија за препознавање на лицата на сликите кои што ги прикачуваат корисниците на оваа мрежа. Сигурно повеќе од вас имате забележано дека при поставувањето на слика Facebook дава предлог за означување на секое лице посебно со одредени корисници од вашата листа на пријатели. Оваа технологија Facebook сериозно ја развива и планира се повеќе да ја унапредува со цел точноста на препознавање на лицата да биде на високо ниво и без грешки.

DeepFace е софтвер за вештачка интелигенција. Овој софтвер врши препознавање на лицата преку 3D моделирање на истите, користејќи метода за нивно свртување на напред, односно како да гледаат во камерата. Овозможува многу поголема точност на препознавање на лицата, што е многу блиску до нивото на способноста за препознавање од страна на луѓето. Луѓето успеваат да ја препознаат сликата во 97,5% од случаите, а DeepFace успева да се приближи до овој процент со 97,25% успешност.

За развивањето на оваа технологија, Facebook има искористено повеќе од четири милиони означени слики од повеќе од 4.000 корисници, со цел да го тренира системот подобро да врши препознавање. DeepFace е се уште во развој и ќе почекаме за да ја видиме неговата имплементација.