Дефектот не е во батериите – приземјувањето ќе го чини Боинг пет милијарди долари

13

dreamlinerИнспекторите за безбедност не најдоа грешка во батериите на Боинг 787 дримлајнер, изјави јапонскиот министер за транспорт.

Јапонските власти сметаа дека батериите се причина за проблемите во дримлајнерите што ги поседува јапонскиот авиопревозник. Сега вниманието е насочено кон електричниот систем што го регулира полнењето, напонот и температурата на батеријата.

Боинг, кој е во постојана трка со европскиот Ербас, ги запре испораките на авионите 787, а има нарачки за 800 дримлајнери. Авионите од типот 787 се први авиони направени од лесни композитни материјали, кои ја зголемуваат ефикасноста на горивото. Функционираат повеќе на електронски, отколку на хидрауличен или механички систем.

Додека не се открие причината за проблемите во дримлајнерите, 50 авиони на Боинг ќе останат на земја.

Аналитичарите проценуваат дека американскиот Боинг ризикува да отпише дури пет милијарди долари од очекуваните приходи, додека властите на САД и Јапонија се уште ја бараат причината за пожар на авионите дримлајнер.