Дефицит од 1,19 милијарди долари во билансот на „Celsius“

34

Крипто-заемодавачот Celsius Network откри повеќе детали за својот колапс, вклучително и дека има дефицит од 1,19 милијарди долари на билансот на состојба.

До средата, платформата имаше средства од околу 4,3 милијарди долари наспроти обврски од 5,5 милијарди долари, според судските поднесоци.

„Celsius“ претрпе серија неочекувани загуби, вклучително и губење на 35.000 ETH токени поради „изгубени клучеви“ од StakeHound, давател на „стејкинг“ услуги.

Количината на дигитални средства на платформата порасна побрзо отколку што компанијата беше подготвена да ги објави“, рече извршниот директор Алекс Машински во изјавата во која детално го опишува патот што го доведе „Celsius“ до банкрот. „Како резултат на тоа компанијата донесе одлуки, кои во ретроспектива се докажаа дефинитивно лошо за распределбата на средствата“.

Во иднина, „Celsius“ може да продава средства и да размисли за добивање средства од стратешки или финансиски инвеститори во замена за акции по корпоративна реорганизација, се вели во поднесокот. „Celsius“, исто така, има намера да го користи БТК што го држи компанијата, како начин да се справи со недостигот на средства.

Компанијата се обидува да добие нови ресурси од трети страни, но за да продолжи со тие разговори, „Celsius“ има потреба од заштита од доверителите, рече Машински. Компанијата има приближно 1,7 милиони регистрирани корисници, вклучувајќи околу 300.000 активни корисници со салда на сметка над 100 долари.

„Celsius“ ги исплати речиси сите свои заеми и обезбеди финансирање од 108 милиони долари, поддржани од 403 милиони долари во дигитални средства, од берзата за криптовалути FTX. Поголемиот дел од обврските се поврзани со потрошувачки сметки.

Компанијата планира да се вклучи во разговори со комитет на необезбедени доверители, најверојатно воглавно потрошувачи, за да „изгради консензус“ околу нејзиниот иден план за закрепнување.