Дефинитивно крај: Обожаваниот Форд се пензионира

25

Ford нема да го продолжи животниот циклус на моделот Focus по 2025 година, и покрај падот на побарувачката за електрични автомобили.

Некои марки одлучија да го сменат своето мислење и да го продолжат животот на нивните пензионирани SUS модели, но тоа не е случај со еден од омилените автомобили на Ford.

Дури и пред 2022 година, Ford објави дека ќе ја затвори производната линија на Focus во Германија во средината на 2025 година.

Тие досега не успеаја да најдат купувач за фабриката, но шефот на Форд Европа, Мартин Сандер, рече дека компанијата „нема планови да го продолжи производството на Фокус“, и покрај тоа што Форд исто така ја приспособи својата прогноза за продажба на ЕВ.

Неодамна, Mercedes-Benz го продолжи производството на А-класа до 2026 година, а Renault го стави својот бренд Ampere EV на пауза. Понатаму, Jaguar рече дека ќе ја забави транзицијата кон електрични возила, а VW Group исто така го намали обемот на производство на неколку електрични возила поради помалата побарувачка.

„Долгорочно, остануваме длабоко убедени дека ЕВ ќе бидат иднината и дека ќе видиме значително зголемување на побарувачката“, сепак е категоричен Сандер.

„До крајот на оваа година ќе имаме цела палета на ЕВ, како во секторот на патнички возила, така и во комерцијалната линија и ќе можеме да се прилагодиме на потребите на пазарот. Во следните неколку години ќе понудиме широк избор за клиентите“, додаде тој.