Дејвид Маркус го напушта PayPal и се приклучува кон Facebook

20

david-marcus

Претседателот на PayPal, Дејвид Маркус, се откажува од својата досегашна позиција, со цел да се приклучи кон Facebook, каде што ќе работи на развивање производи за мобилни пораки, пренесува Business Insider.

На својот Facebook профил, Маркус напиша дека донесе одлука да го напушти PayPal со цел повторно да се фокусира на создавање нови производи и “затоа што PayPal како никогаш досега е на добра позиција да ја капитализира својата уникатна позиција на пазарот“.

Маркус оваа одлука ја донел по консултации со основачот на најпопуларната социјална мрежа во светот, Марк Цукерберг.

“Марк има една огромна визија поврзана со мобилните пораки. На почетокот не бев сигурен дали е вистинскиот чекор за мене да ја променам компанијата, но ентузијазмот на Марк и посветеноста за креирање посебна платформа на Facebook ме освои“, пишува Маркус.

Задачата на Маркус е да управува со Facebook Messenger, апликација што ќе има над 200.000 корисници месечно, но не и со WhatsApp, апликација за пораки што Facebook  ја купи за 19 милијарди долари во февруари оваа година.